ШЕФОТ НА ГЕРМАНСКАТА ШПИОНСКА СЛУЖБА ПРЕДУПРЕДУВА Русија ја гледа Германија како глаевн противник
Мартин Јегер предупредува на „нов и поопасен карактер“ на руската закана и ризик Германија да биде вовлечена во насилен конфликт.

Германија стана главен противник на Русија во таканаречената „војна во сенка“ и е изложена на ризик да биде вовлечена во конфликт поради зголемените воени амбиции на Кремљ, изјави шефот на Германската федерална разузнавачка служба (БНД), Мартин Јегер.
Според Јегер, заканата од Русија добила „нов, поопасен карактер“, што го зголемува ризикот Германија да биде вовлечена во „насилен конфликт“, објави „Блумберг“.
„Русија нè гледа како главен противник затоа што не ја прифаќаме нејзината ревизионистичка и експанзионистичка политика, како и војната на агресија против Украина“, изјави Јегер.
Тој додаде дека Германија се спротивставува и на руското заплашување на сојузниците во балтичките држави и во други делови од Европа.
Јегер овие оценки ги изнесе за време на јавното сослушување пред парламентарниот комитет за контрола на разузнавачките служби на Бундестагот.

