ТРАМП СО ПОРАКА ЗА СРБИЈА Имаме многу добри односи

Американскиот претседател ја истакна соработката меѓу Белград и Вашингтон, по започнувањето на стратешкиот дијалог меѓу двете земји.

ТРАМП СО ПОРАКА ЗА СРБИЈА Имаме многу добри односи
Фото: Принтскрин

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Соединетите Американски Држави имаат „многу добри односи“ со Србија.

Одговарајќи на новинарско прашање пред Белата куќа за стратешкиот дијалог меѓу двете земји и за соработката меѓу Белград и Вашингтон, Трамп кратко одговори:

„Имаме многу добри односи со Србија.“

САД и Србија на 17 јули во Вашингтон потпишаа Меморандум за разбирање за енергетска инфраструктура и регионална енергетска безбедност, во рамките на процесот на стратешки дијалог меѓу двете земји.

CATEGORIES
Share This