НАПАДНАТИ ДВА ОБЈЕКТА ВО НУКЛЕАРКАТА ЗАПОРОЖЈЕ Оштетени покриви, Росатом уверува дека нема нуклеарна закана
Според директорот на Росатом, нападите биле извршени истовремено врз лабораториска зграда и објект за преработка на радиоактивен отпад.

Фото: Принтскрин
Два објекта во нуклеарната централа Запорожје биле нападнати во текот на ноќта, соопшти генералниот директор на руската државна корпорација Росатом, Алексеј Лихачев.
Според него, нападите биле извршени истовремено врз зградата на лабораторијата, која се наоѓа на околу 200 метри од блоковите 4 и 5, и врз објектот за преработка на радиоактивен отпад.
„Ситуацијата во самата нуклеарна централа Запорожје беше напната во текот на ноќта. Два објекта беа нападнати истовремено“, изјави Лихачев, пренесува ТАСС.
Тој додаде дека во двата случаи биле оштетени покривите, но, според неговите наводи, нема закана по нуклеарната безбедност.
CATEGORIES Свет

