ЖЕШКО НА ПРЕГОВОРИТЕ ВО ИСТАНБУЛ Русите со гангстерски закани дека ќе ни земат уште две области а може да загубиме и блиски во војната велат Украинците

Според изјавата на украинскиот заменик министер за надворешни работи, Сергеј Кислица, кој бил присутен на средбата, шефот на руската делегација Владимир Медински отворено изјавил дека Русија е подготвена да се бори до крај и дека има намера да ги анектира и Сумската и Харковската област.

ЖЕШКО НА ПРЕГОВОРИТЕ ВО ИСТАНБУЛ Русите со гангстерски закани дека ќе ни земат уште две области а може да загубиме и блиски во војната велат Украинците

На неодамнешните преговори меѓу Русија и Украина, одржани на 16 мај во Истанбул, руската делегација покажала тврда и заканувачка реторика, обвини украинската страна.

Според изјавата на украинскиот заменик министер за надворешни работи, Сергеј Кислица, кој бил присутен на средбата, шефот на руската делегација Владимир Медински отворено изјавил дека Русија е подготвена да се бори до крај и дека има намера да ги анектира и Сумската и Харковската област.

„Медински не само што демонстрираше непомирлив став, туку и поставуваше прашања со провокативен тон – на пример, колку долго Украина е подготвена да војува, притоа потсетувајќи дека Русија во минатото војувала со Шведска цели 21 година“, изјави Кислица, пренесува украинската новинска агенција Укринформ.

Тој додаде дека атмосферата на преговорите била напната, а руските претставници настапиле со закани кои ги споредил со однесување на гангстери.

„Медински дури изјави дека можеби некој од украинската делегација ќе ги изгуби своите најблиски во војната“, напиша Кислица на социјалната мрежа Х (поранешен Twitter).

И покрај тензичната атмосфера, преговорите во Истанбул доведоа до одреден напредок – договорена е размена на 1.000 воени заробеници. Исто така, се разгледува можноста за директна средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски, но таа опција останува условена од натамошниот развој на преговорите и исполнување на одредени предуслови.

CATEGORIES
TAGS
Share This