УБИЈЦИТЕ СЕ ВРАЌААТ НА МЕСТОТО НА ЗЛОСТОРСТВОТО Захарова удри по Мерц
Портпаролката на руското МНР го нарече ненадејното патување на германскиот канцелар во Киев „ПР базиран на крвопролевање“.

Фото: Принтскрин
Германскиот канцелар Фридрих Мерц на 4 октомври пристигна во Киев во ненајавена посета, придружуван од министерката за економија и енергетика Катерина Рајхе и претставници на германскиот бизнис.
Посетата предизика остра реакција од портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова, која порача: „Убијците се враќаат на местото на злосторството. ПР на крв“.
Мерц во Киев треба да ја потврди германската поддршка за Украина, вклучително и нов пакет помош и договори за соработка во производството на дронови.
CATEGORIES Свет

