ВРЕМЕТО ОВАА НЕДЕЛА Топли денови, но не без чадори

Но, попладневните часови ќе бидат проследени со атмосферска дестабилизација. Се очекува локален развој на грмотевични облаци, проследени со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На некои места постои можност и за појава на краткотрајни, но интензивни невремиња.

ВРЕМЕТО ОВАА НЕДЕЛА Топли денови, но не без чадори

Во текот на наредната седмица, од понеделник (19 мај) до недела (25 мај), граѓаните на Република Македонија можат да очекуваат потопло време, особено во дневните часови.

Според метеоролошките прогнози, дневните температури речиси насекаде ќе надминуваат 20°C, а во Повардарието ќе достигнат и над 25°C. Сепак, утрата ќе останат свежи, особено на почетокот од седмицата.

Претпладнињата ќе донесат претежно стабилно и суво време со сончеви периоди. Но, попладневните часови ќе бидат проследени со атмосферска дестабилизација. Се очекува локален развој на грмотевични облаци, проследени со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На некои места постои можност и за појава на краткотрајни, но интензивни невремиња.

Сличен метеоролошки развој се очекува и во делови од Скопскиот регион, каде попладнево повремено ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и силен ветер.

CATEGORIES
Share This