СЕ ЗНАЕ КОГО ЌЕ ИЗБЕГНЕМЕ Македонија пред ждрепката за ЕП 2028

Македонија речиси сигурно во третиот шешир, а веќе е познато со кои 11 селекции не може да се сретне.

СЕ ЗНАЕ КОГО ЌЕ ИЗБЕГНЕМЕ Македонија пред ждрепката за ЕП 2028
Фото: Принтскрин

Фудбалската репрезентација на Македонија речиси сигурно ќе биде сместена во третиот шешир при ждрепката за квалификациите за Европското првенство во 2028 година.

Ждрепката е закажана за 6 декември, а составот на шеширите ќе биде одреден врз основа на настапот на репрезентациите во Лигата на нации.

Според актуелната проекција, Македонија во квалификациите нема да може да се сретне со репрезентациите од својот шешир: Косово, Шкотска, Унгарија, Полска, Грузија, Романија, Израел, Словачка, Црна Гора, Албанија и Исланд.

Составот на првиот шешир е практично дефиниран, а меѓу носителите се наоѓаат Шпанија, Португалија, Франција, Англија, Грција, Холандија, Хрватска, Германија, Белгија, Италија, Норвешка и Данска.

Шешир 2: Велс, Турција, Србија, Чешка, Швајцарија, Австрија, Шведска, Украина, БиХ, Северна Ирска, Словенија, Република Ирска.

Шешир 3: Косово, Шкотска, Унгарија, Полска, Грузија, Романија, Македонија, Израел, Словачка, Црна Гора, Албанија, Исланд.

Шешир 4: Финска, Луксембург, Естонија, Ерменија, Белорусија, Бугарија, Казахстан, Кипар, Фарски Острови, Латвија, Молдавија, Сан Марино.

Шешир 5: Малта, Литванија, Азербејџан, Гибралтар, Андора, Лихтенштајн.

Квалификациите ќе се играат во 12 групи, од кои шест ќе имаат по четири репрезентации. Победниците на групите ќе обезбедат директен пласман на ЕУРО 2028, заедно со осумте најдобри второпласирани селекции.

Квалификацискиот циклус за Европското првенство ќе започне во март 2027 година.

CATEGORIES
Share This