ПОРАДИ ПОСЕТАТА НА ФОН ДЕР ЛАЈЕН Посебен сообраќаен режим во Скопје

Полицијата најави мерки и можни привремени пренасочувања во поширокото централно подрачје поради официјалната посета на претседателката на Европската комисија.

ПОРАДИ ПОСЕТАТА НА ФОН ДЕР ЛАЈЕН Посебен сообраќаен режим во Скопје
Фото: Принтскрин

Во Скопје денеска ќе биде воведен посебен режим на сообраќај поради официјалната посета на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Од СВР Скопје информираат дека Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе соодветни мерки на повеќе сообраќајници во поширокото централно подрачје на градот.

Поради протоколот и безбедносните мерки поврзани со посетата, можно е привремено ограничување или пренасочување на сообраќајот на одредени делници.

Од Министерството за внатрешни работи апелираат до граѓаните и сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација, како и наредбите и насоките од униформираните полициски службеници.

Посетата на фон дер Лајен е во рамки на нејзиниот престој во земјава, при што се предвидени средби со највисоки државни претставници.

CATEGORIES
Share This