РАСПИШАН КОНКУРС За државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“

Признанието се доделува за особени остварувања во областа на публицистиката и новинарството, а конкурсот е отворен до 31 октомври.

РАСПИШАН КОНКУРС За државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“
Фото: Принтскрин

Министерството за култура и туризам информира дека е распишан конкурсот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за 2026 година.

Конкурсот го распиша Одборот за доделување на државната награда, која претставува признание за значајни остварувања во областа на публицистиката и новинарството.

За наградата можат да бидат предложени поединци, групи творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани.

Под условите утврдени со конкурсот, признанието може да биде доделено и на странски државјани, групи творци, екипи и институции од странство.

Конкурсот е отворен од 1 до 31 октомври 2026 година.

Конкурсот, како и образецот за пријавување, се достапни на веб-страницата на Министерството за култура и туризам, во делот за државни награди.

CATEGORIES
Share This