ВРЕМЕН РЕЖИМ НА А2 ГОСТИВАР – КИЧЕВО Возачите да внимаваат кај мостот на Тајмишка
Започна санацијата на мостот број 63, сообраќајот се одвива по суви коловози, а АМСМ предупредува и на можни одрони

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од АМСМ.
Од 30 септември 2026 година започнаа градежни активности на државниот пат А2, на делницата Гостивар-Кичево, поточно на мостот број 63, односно мостот на реката Тајмишка.
Поради изведувањето на градежните работи е воспоставен времен режим на сообраќај, кој ќе биде во сила до завршување на предвидените активности согласно договорот за санација.
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен, додека на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ апелира до возачите да ја прилагодат брзината, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и внимателно да управуваат со возилата.
Посебна внимателност се препорачува на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои можност од појава на одрони.
Патниот правец Охрид–Ресен преку Националниот парк Галичица е отворен за сообраќај од 15 април за сите видови возила со вкупна маса до 3,5 тона.

