ПРВО БУГАРИТЕ ВО УСТАВОТ, ПА СÈ ДРУГО Која е позадината на ставот на Филипче?

Од партијата отвораат прашања за ставот на лидерот на СДСМ и за можни контакти меѓу Заев и Радев.

ПРВО БУГАРИТЕ ВО УСТАВОТ, ПА СÈ ДРУГО Која е позадината на ставот на Филипче?
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Изјавата на Венко Филипче – „прво Бугарите во Уставот, па сè друго“ е доказ дека Венко Филипче е во договор за ново предавство.

Венко Филипче застапува бугарски позиции наместо македонски интереси. Оттука, сосема легитимно е да прашаме:

Дали постои тајна дипломатија помеѓу старите другари Зоран Заев и Румен Радев?

Дали има комуникација и средби помеѓу нив?

Зошто инаку Венко Филипче на тацна им дава подароци на Радев и на бугарската политика, без да го заштити македонскиот национален идентитет?

Дали зад рушењето на ваквите позиции стои нов бизнис-договор?

Ова се легитимни прашања на кои мора да одговори Венко Филипче.

CATEGORIES
Share This