Каква е состојбата на европските универзитети
На потег е Владата на Република Македонија, надлежните институции и „анемичната“ МАНУ!!

Колумна, Национа
Ѓорѓи Илиевски Виш просветен инспектор во пензија
Среда, 30 септември 2026 година
Со оваа моја анализа за состојбата на европските иниверзитети, а во овие рамки и за македонското високо образование во каква состојба се и нивната одржливост ќе се осврнам преку многубројните податоци на Европската универзитетска асоцијација (ЕУА)( European University Association (EUA),, Евридика(Eurydice)… и други податоци кои ги третираат универзитетските меѓународни институции и надминување на старите образовни политики со нови современи тенденци за доброто на образованието во соодветните држави.
Па така, констатирам дека Европските универзитети се соочуваат со длабока финансиска и структурна криза, иако станува збор почесто за закана за нивната одржливост и квалитет за физички колапс.
Според податоците од European University Association (EUA), секторот се наоѓа на крстопат поради намалени државни буџети, зголемени трошоци и геополитички предизвици (читај ЕУА).
Состојбата и зошто се во криза европските универзитети?
Според податоците на Kings Colege London со намаленото финансирање по студент и покрај порастот на бројот на студенти реалните трошоци по студент во многу европски системи се намалуваат. Државните субвенции се скратени или замрзнати во повеќе земји (како Австрија, франција, Германија и Обединетото Кралство) додека инфлацијата, растот на платите и високите трошоци за енергија ги зголемија дефицитите на универзитетите.
Зависноста од странски студенти е многу важна, затоа што многу институции се потпираат на приходите од студентските такси на странски студенти, особено во Велика Британија и Холандија, но промените во имиграциските политики и политички тензии доведоа до пад на бројот на овие студенти. (The Gvardian+1)
Каде ги гледаат излезните решенија за одржливост на европските универзитети :
- Во диверзификација на приходите: Намалување на зависноста од државниот буџет преку посилни партнерства со индустријата, комерцијални истражувачки договори и филантропија (University World News+1)
- Во стратешко прегрупирање и консолидација: Обединување на помали програми, формирање меѓународни универзитетски мрежи ( како иницијативата за („Европски универзитети“) со цел спроведување ресурси и инфраструктура. (European Parlament +1)
- Реформа на моделитетите на финансирање: Премин од кратки грантови и стабилно јавно финансирање кое ја гарантира основната образовна и научна дејност (EUA, Evropiean University Association)
- Поедноставување на регулативите: со намалување на административниот товар од државните европски институции за да се врати автономната мисија во управување со факултетите. ( The Global Governance)
- Дигитализација и флексибилни програми: Воведување микро-квалификации, хибридни модели на учење и тесно поврзување на студентите со потребите на пазарот на трудот. (The Global Governance)
Како европска криза влијае конкретно на високото образование во Македонија
Ако се анализира како оваа криза конкретно влијае на високото образование во Македонија, мора да констатирам (по моите анализи) дека оваа тема е алармантна во која се кршат проблемите на македонското високо образование и феноменот на „одлив на мозоци“ (brain drain), финансирањето со државни пари. (BI, Balkan hisighe)
1.Кризата на високото образование во Македонија
Додека европски универзитети имаат мака со инфлација и претстроги регулативи, македонските државни универзитети (предводени од УКИМ) се наоѓаат во системски пад.
Главните одлики на нашата криза се:
- Лошата инфраструктура и услови: Студентските домови и факултетските лаборатории со децении страдаат од недостиг на капитални инвестиции. (eu)
- Пад на Шангајската листа: Ниту еден македонски универзитет веќе со години не се наоѓа меѓу првите 1000 универзитети во светот. Нашите клучни институции се сериозно неконкурентни на меѓународно ниво. Shanghai Ranking
- Финансирање базирано на „влез“ наместо на резултати: Државата ги финансира факултетите главно според бројот на запишани студенти и за покривање на плати, наместо да ги наградува оние што произведуваат квалитетни науки и пазарно применливи кадри. (eu).
- Парадоксот со Шангајските стипендии на МОН
Анализата за програмата на МОН за стипендирање студии на првите 100 универзитети од Шангајската листа ги потврдува стравувањата за неефиксно трошење на државниот буџет (Нетпрес- Ѓорѓи Илиевски)
Државата низ годините покриваше екстремно високи трошоци во просек по 160.000 долари по стипендист за комплетни додипломски или постдипломски студии во странство. Годишните износи за школарина и престој на престижните светски универзитети редовно достигнувале за 40.000 долари. (Нетпрес- Ѓорѓи Илиевски).
Иако во Договорите на МОН постои законски обврски стипендистите да се вратат и да работи во земјата двојно повеќе време од времетраењето на студиите реалноста е поинаква:
- Институционално игнорирање: Кога овие – топ студенти ќе дипломираат на Оксфорд, Харвард или Кембриџ и ќе се вратат, наидуваат на затворени врати во државната администрација и домашните јавни универзитети. Системот често не им обезбедува брзо и соодветно вработување.
- Финансиски шок: Понудените почетни плати во Македонија во јавниот или приватниот сектор се прениски за некој кој има глобално конкурентно знаење.
- Казнени пенали кои тешко се наплаќаат: Доколку не се вратат, студентите се обврзани да ги вратат парите во десеткратен износ. Меѓутоа, механизмите на државата за присилно извршување и следење на овие кадри во странство со години се покажала како неефикасна и полни со правни празнини. ( The Borgen Rrojekt)
Ова резултира со ситуација каде сиромашна економија како македонската дирктно го финансира „одливот на мозоци“ кон богатите западни економии.
Од 2012 до 2023 година се потрошени над 62 милиони долари за ова намена, со минимален поврат не инвестира во домашното општество (Нетпрес-Ѓорѓи Илиевски).
За да се спречи овој парадокс, потребни се итни чекори односно излезни решенија за Македонија. И тоа:
- Гарантирано работно место(Апсорпција) : Државата мора со Закон да предвиди дека секој стипендист од Македонија по автоматизам треба да добие место како асистент на јавните универзитети или висок советник во министерствата, со цел да го пренесе знаењето во системот.
- Дигитална контрола и регистри: МОН веќе започна со воведување на дигитален Е-регистар за сите стипендисти, но е потребно строга финансиска ревизија и доследно активирање на банкарската гаранција за оние кои одбиваат да придонесат дома.
- Пренасочување на парите дома: Наместо да се плаќаат огромни школарини во странство, дел од тие милиони да се инвестираат во подигнување на капацитетите, опремата и платите на професорите на домашните факултети за да се привлечат студенти да останат тука. ( The Borgen Rrojekt)
Конкретни светски примери кои успешно го решаваат проблемот со „одливот на мозоци“
- Кина – Моделот „ План за илјада таленти“ (Thousand Talens Plan). Кина со децении ќе праќаше стотици илјади студенти на топ-универзитети во САД и Европа, од кои најголемиот дел не се враќаа. За да го реши ова, државата го лансираше овој стратешки план (TheDaily star)
Што направија: На врвните дипломирани студенти и научници кои ќе решат да се вратат им понудија директни државни грант (парични бонуси), буџети за истражувања, брзо следење до професорски позиции и помош за домување.
- Индија – Моделот на „Научни паркови“ и стипендисти повратници (Fellowships). Индија се соочуваше со огромен одлив на кадар во Силициумската долина. Наместо да ги тера со сила да се вратат во бирократизиран систем, тие го сменија пристапот (TheDaily star)
Што направија: Владата ги пласираше програмите Ramalin gaswami Re-entry Fellowship I Ramanujan Fellowship. Овие програми на научниците кои се враќаат од странство им гарантираат атрактивни платформи со високи примања (надвор од стандардните табели) во рок од 3 до 5 години за да направат своја лабораторија или истражувачки тим во Индија. Паралелно отворија Технолошки и истражувачки паркови при Индиските институти за технологија (IITs) каде повратниците можеа веднаш да соработуваат со глобални компании. Indian Science and Technology
Што е резултатот: Илјадници инжинери и научници се вратија со својот капитал и контакти трансформирајќи ја Индија во ИТ и вселенски центар.( Research Gate)
- Ирска – Економска пресвртница и „ Враќање на дијаспората“. Во 1980-тите, Ирска беше сиромашна земја чии млади масовно бегаа по завршувањето на факултети. (The Daily Star)
Што направија: Владата инвестираше во драстично намалување на корпоративните даноци за да привлече технолошки гиганти (Google, Appli, Meta), со услов тие да отворат развојни центри.
Истовремено, воведоа посебни даночни олеснувања за ирските граѓани кои ќе се вратат да работат од странство, како и програми за финансирање на нивни старттап бизниси.
Што е резултатот: Ирска од земја на емигранти стана една од најбогатите европски економии која денес привлекува таленти од цел свет. (World Bank Blogs)
- Казахстан – Програмата („ Bolshan“)- најдобар пример за Македонија.
Ова е владина стипендија основана во 1993 година, која целосно ги плаќа студентите на нивните граѓани на топ – универзитети во светот. Но, за разлика од Македонија, тие го затворија кругот на одговорност.
Што направија: Договорот со државата е ригорозен. Пред да замине, студентот мора да заложи недвижен имот како гаранција (колатерал во вредност на стипендија). По дипломирањето, стипендистите имаат рок од неколку месеци да се врати и задолжително мора да работи 3 до 5 години во владина институција, јавно претпријатие има домашен универзитет кој однапред му е доделен.
Што е резултатот: Над 11 000 високообразовни кадри се вратија во земјата. Овие луѓе денес ја водат државната администрација на Казахстан и предаваат на нивните нови модернизирани универзитети.
Што може Македонија веднаш да примени од овие модели?
- Замена на паричната казна со имотна гаранција (Казахстански модел): МОН не треба да бара меници кои лесно застаруваат, туку цврсти банкарски или имотни гаранции пред студентот да замине во странство.
- Инкубациски позиции на УКИМ (Индиски модел): Наместо стипендистот од Оксфорд да чека со месеци за нострификација на дипломата и да се бори со партиски вработувања, државата мора со закон да му отвори „ Истражувачка позиција“ на домашните јавни универзитети, со буџет за опрема и плата еднаква на менаџерска плата во ИТ секторот.
- Донесување на промени во Законот за научна – истражувачка дејност: Истиот закон мора ги поврзе нашите студенти кои студирале надвор како и домашните студенти со професорите и домашните и странски компании со цел да се вршат научни истражувања кои ќе резултираат со научни откритија (патенти) .
Со научните откритија (патенти) и взаемната соработка компании и научни институти, бенефит од тоа ќе има државата која ќе „жнее“ поголеми профити од компаниите кои го прифатиле патентот, раст на стандардот преку бенефит кои патентот ги дава на истражувачите, студентите и научниците/професорите како и развој на нови технологии и иновации во индустриски гранки во кои работат нашите научно – истражувачки институи.
На потег е Владата на Република Македонија, надлежните институции и „анемичната“ МАНУ!!

