МАКРОН СО ПОРАКА ЗА БАЛКАНОТ И УКРАИНА Со нетрпение очекувам нови земји во ЕУ

Францускиот претседател порача дека желбата за членство е „плебисцит за Европската Унија“ и предупреди: „Војната се врати на нашиот континент“.

МАКРОН СО ПОРАКА ЗА БАЛКАНОТ И УКРАИНА Со нетрпение очекувам нови земји во ЕУ
Фото: Принтскрин

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска, во говор посветен на мирот во Европа, порача дека со нетрпение очекува да види нови земји кои ќе се приклучат кон Европската Унија  „од Балканот до Украина“. Макрон ја опиша желбата на европските земји и кандидати за членство како силна порака за иднината на Унијата.

„Каков прекрасен плебисцит за нашата Европска Унија – оваа желба да припаѓаме на Европа, област на мир и безбедност, демократија и просперитет“, изјави Макрон, пренесува BFM.

Францускиот претседател во говорот предупреди дека безбедносната слика на континентот е променета.

„Војната се врати на нашиот континент“, порача Макрон, нагласувајќи ја потребата од зачувување на мирот и безбедноста во Европа.

Изјавата на Макрон доаѓа во период кога проширувањето на ЕУ повторно е високо на европската политичка агенда, а земјите од Западен Балкан и Украина се меѓу државите кои имаат европска перспектива.

CATEGORIES
Share This