ПОСТУДЕН ПРЕСВРТ Дожд и магла, температурите до 20 степени

Променливо облачно време со локални врнежи и северен ветер, во Скопје дожд во ноќните и претпладневните часови.

ПОСТУДЕН ПРЕСВРТ Дожд и магла, температурите до 20 степени
Фото: Национал

Променливо облачно и постудено време нè очекува денеска, со температури од 6 до 20 степени. Во утринските часови во одредени котлини и речни долини ќе има услови за појава на слаба магла.

Претпладне ќе има повремени локални врнежи од дожд, а ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Во Скопје времето ќе биде облачно и постудено, со повремени врнежи од дожд во текот на ноќта и претпладнето. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

CATEGORIES
Share This