dm И МАТРОНА СО БЕСПЛАТНА ОБУКА ВО СТРУМИЦА Здрава исхрана за мајката и детето во фокусот на „Караванот на мајчинство“

Бременоста и најраните години од детскиот развој носат бројни прашања за родителите, особено кога станува збор за исхраната и секојдневните навики.

dm И МАТРОНА СО БЕСПЛАТНА ОБУКА ВО СТРУМИЦА Здрава исхрана за мајката и детето во фокусот на „Караванот на мајчинство“
Фото: dm

Компанијата dm drogerie markt, во соработка со Здружението на граѓани за промоција и поддршка на здравјето „Матрона“, организира нова бесплатна едукативна обука во рамки на „Караванот на мајчинство“. Овојпат караванот пристигнува во Струмица, каде на 30 септември, од 17:30 до 19:30 часот, во хотел „Сириус“, ќе се одржи обуката на тема „Здрава исхрана за мајката и детето: Препораки за силен имунитет од бременоста до најраната возраст“. Учеството е бесплатно, а сите заинтересирани треба да се пријават на електронската адреса info@matrona.org.mk

Предавањето ќе го одржат прим. д-р Марина Поп Лазарова и д-р Александра Хаџи-Димова, кои преку стручни информации и препораки ќе се осврнат на значењето на исхраната во периодот на бременоста, како и во најраната возраст на детето. Во фокусот ќе бидат теми поврзани со правилната исхрана на мајката и детето и препораките за поддршка на имунитетот во овие важни периоди од животот. Како дополнителна поддршка за учесниците, по завршувањето на обуката тие ќе добијат и ваучери за 15% попуст за купување производи од dm марката babylove во dm продавниците.

Бременоста и најраните години од детскиот развој носат бројни прашања за родителите, особено кога станува збор за исхраната и секојдневните навики. Токму затоа, пристапот до стручни и проверени информации може да биде значајна поддршка за идните и новите родители при носењето одлуки поврзани со грижата за себе и за детето.

Обуката во Струмица е дел од „Караванот на мајчинство“, иницијатива што dm и „Матрона“ ја реализираат втора година по ред, со цел да обезбедат бесплатна едукација и поддршка за мајките, идните родители и семејствата. Годинешното издание досега опфати повеќе онлајн обуки и едукативни средби во живо, посветени на теми како дохраната на бебињата, спиењето и навиките кај децата, раниот моторен развој, пренаталната едукација и грижата за новороденчето, правилната исхрана и оралната хигиена кај трудниците и децата, како и психичките промени во текот на бременоста и по породувањето.

Со новата средба во Струмица, dm и „Матрона“ продолжуваат да го носат „Караванот на мајчинство“ поблиску до родителите и идните родители, отворајќи теми значајни за здравјето и благосостојбата на мајките и децата и овозможувајќи пристап до релевантни информации од стручни лица.

CATEGORIES
Share This