ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ И НА АЛБАНСКИ Шасивари најави ново решение

Пет универзитети побарале промена, министерот најавува модел што треба да биде уставен и законски.

ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ И НА АЛБАНСКИ Шасивари најави ново решение
Фото: Принтскрин

Министерот за правда Јетон Шасивари денеска изјави дека се бара решение за овозможување на полагање на правосудниот испит на албански јазик, нагласувајќи дека прашањето, според него, „не е ниту политичко, ниту етничко, туку правно, стручно и институционално“.

Шасивари информираше дека до Министерството за правда се доставени барања од пет универзитети кои имаат правни студии. Од нив, три реализираат настава на албански јазик, еден има студиски програми на англиски јазик, додека еден универзитет има магистерски студии на англиски и турски јазик.

Решението, како што најави министерот, ќе се бара преку дијалог и партнерство со засегнатите страни. Во таа насока, тој планира да покани претставници на универзитетите и студентските организации на заедничка средба, на која практично ќе им биде презентирано како би функционирало предложеното решение на Министерството за правда.

Шасивари не откри детали за начинот на кој би се реализирало полагањето, но увери дека решението ќе биде во согласност со Уставот, законите и европските правила.

CATEGORIES
Share This