БРИСЕЛ ЌЕ СЛУША ЛИ – НКЕУ-МК отвора жешка дебата за правосудството, безбедноста и корупцијата

Правосудството, безбедноста и борбата против корупцијата во фокусот на дебатата со институции, дипломати и експерти

БРИСЕЛ ЌЕ СЛУША ЛИ – НКЕУ-МК отвора жешка дебата за правосудството, безбедноста и корупцијата
Фото: Принтскрин

Националната конвенција за Европската унија во Република Северна Македонија (НКЕУ-МК) денеска во Клубот на пратениците ја одржува 75. дијалог-сесија, посветена на улогата и придонесот на структурираниот дијалог во процесот на европска интеграција.

На отворањето се најавени обраќања на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за правда Јетон Шасивари, амбасадорката на Словачка Ивета Хрицова и извршната директорка на Словачката асоцијација за надворешна политика, Јитка Иванчикова.

Во рамки на сесијата ќе биде потпишан и Меморандум за соработка меѓу Министерството за внатрешни работи и Европското движење во Република Северна Македонија, како носител на НКЕУ-МК.

Програмата опфаќа три панел-дискусии посветени на значајни области од процесот на европските интеграции.

Првиот панел ќе се фокусира на правосудството и темелните права, односно Поглавје 23, додека вториот ќе биде посветен на правдата, слободата и безбедноста, во рамки на Поглавје 24.

Третиот панел ќе ја обработува борбата против корупцијата, со осврт на Поглавјата 5, 18 и 32.

На дискусиите ќе учествуваат претставници на институциите, дипломати, обвинители и судии, универзитетски професори, експерти и претставници на граѓанскиот сектор.

CATEGORIES
Share This