Улогата на академикот Беџети, ректорот на Универзитетот на Југоисточна Еввропа и на заменик претседателот на одборот за евалуација на високото образование

И после Ѓорѓи ви е крив и критикува??? Не! Ѓорѓи се држи само до законот. Обидете се и вие Министерке и сите околку вас кои ве трујат со дезинформации заради кои еден ден може и да одговарате.

Улогата на академикот Беџети, ректорот на Универзитетот на Југоисточна Еввропа и на заменик претседателот на одборот за евалуација на високото образование
Фото: Национал

Колумна, Национа
Ѓорѓи Илиевски
Виш просветен инспектор во пензија
Понеделник, 21 септември 2026 година

Садудин Ибраими, Ебрар Ибраими и Абдулменаф Беџети,  тројката која успешно е етаблирана во образовниот систем на Македонија. Зошто?

Садудин и Ебрар Ибраими се браќа, првиот е Ректор на Универзитетот на Југоисточна Европа, вториот е Заменик претседател на Одборот за евалуација на високото образование при Агенцијата за квалитет на високото образование, избран од времето на последниот мандат на Владата предводена од СДСМ и ДУИ, а исто така професор е на Правниот факултет при Тетовскиот универзитет и визитинг професор на Универзитетот Визион во Гостивар.

Академикот Абдулменаф Беџети е поранешен Ректор на Универзитетот на Југоисточна Европа и според извори од овој универзитет во одлична координација со браќата Ибраими и научниот соработник Расим Зулфери, со скратено работно време на Факултетот за бизнис и економија при Универзитетот на Југоисточна Европа и до 2025 година Директор на Агенцијата за квалитет на високото образование.

Сите овие професори се во многу блиска релација со академикот и преку нив се координираат сите активности.

Двајца браќа од два универзитети успешно етаблирани и со поддршка на ДУИ успешно ја спроведуваат својата мисија. Многу чудно, но вистинито како успеале да окупираат две значајни тела за квалитет на високото образование во времето на најголемиот подем на ДУИ и тоа кадри од Универзитетот на Југоисточна Европа и Тетовскиот универзитет?!

Повторно ќе напишам за да и стане јасно на Министерката за образование Весна Јаневска: Расим Зулфери како научен соработник со скратено работно време станал Директор на Агенцијата за квалитет на високото образование (Извор: https://www.seeu.edu.mk/mk/~r.zuferi) и проф. Ебрар Ибраими член и заменик претседател на Одбор за евалуација на високото образование??? Министерке, па нели вие јавно зборувавте за незаконитости на Тетовскиот универзитет??? Министерке колку претставки имало до сега за овој универзитет од професори кои сами пријавувале, а дел од нив и преку мене за да ги обзнанам сите незаконитости??? Зарем на тоа дереџе паднавме и после две години власт професор од овој универзитет со силен интегритет да биде член на Одборот за евалуација на високото образование и да не е човекот без функција да биде и заменик претседател на овој одбор???

А Ебрар Ибраими, министерке е и успешен бизнисмен и професор и евалуатор. Мултидисциплинарна личност. Тоа овие две години откога вие сте министерка му го овозможувате да си функционира на сите полиња, наместо да се разреши од Одборот за евалуација!!!

Еве ги неговите фирми:

Да Министерке Јаневска, Вие си знаете! Но, кога ќе пратите надворешна евалуација во Тетовскиот универзитет, во Универзитетот Југоисточна Европа???? Многу убава игра ви сместиле. Набрзо ќе биде известена Европската асоцијација за квалитет во високото образование и посебно за корупцијата на надворешните и внатрешните евалуатори! Документацијата се подготвува и ќе пристигне до сите надлежни институции и во земјата. Сама си поставивте високо ниво на квалитет и еве се гледа што се случува.

Едно ќе ве прашам министерке Јаневска и тоа од почит дали сте прочитале некаде во Законот за високото образование да постои наставник со скратено работно време??? Па нели пративте инспекции во сите универзитети минатата година за да го проверите овој факт??? Дали постои Државен просветен инспекторат и да види со каква храброст на веб сајтот на Универзитетот на Југоисточна Европа има голем број на професори со скратено работно време??? Па да ве прашам: дали работат во универзитет или во фабрика за постелнина??? Зарем мислите министерке Јаневска дека раководителот Сенад во Државниот просветен инспекторат вработен во времето на ДУИ или пак Ќазими ќе ви реферираат за ова? Не, министерке! Се си е како што треба. Само јас кој ви пишувам и доставувам докази за да ви помогнам сум грешка и грешам кон тебе.

Еве Министерке, јавна претставка до Вас, да испратите независна комисија која ќе го истражи односно ќе изврши надзор над професионалнот досие на овој многу успешен професор Ебрар Ибраими кој дипломирал, магистрирал и докторирал во Турција, како течела нострификацијата итн……

Второ, Министерке ако сте до Законот за високото образование, еве јавна претставка да извршите надзор над Универзитетот на Југоисточна Европа во однос на вработните професори со скратено работно време надвор од законот:

И после Ѓорѓи ви е крив и критикува??? Не! Ѓорѓи се држи само до законот. Обидете се и вие Министерке и сите околку вас кои ве трујат со дезинформации заради кои еден ден може и да одговарате.

Министерке, јавна тајна е дека на седници на Одборот за евалуација на високото образование во најголем број на комисии за надворешна евалуација се поставува Ебрар Ибраими! Од извори во Одборот тој се нудел да ги пречека странските надворешни евалуатори и да ги вози со своја кола и со тоа под панданот дека еве се жртвува остварува контрола на странските евалуатори кои не знаат ниту македонски јазик, а целокупната документација за евалуација е на македонски јазик и со таква апсурдност спроведуваат евалуација за која постои и комплетна кривична одговорност како посебен облик  на злосторничко здружение!

Како и кој ја изврши надворешната евалуација на Универзитетот Визион во Гостивар, со кои членови на стручна комисија за надворешна евалуација??? Кои членови си уживале во екскурзии во туристички места овде и во соседството за време на евалуацијата????

Набрзо ќе излезат на видела сите пикантерии за овој процес на криминализација на надворешната евалуација која министерке се прави по ваше барање, па затоа убаво е знаете дека и тука не завршија сомнежите за корупција? А да се сомневаш значи дека постоиш! На потег е Републичкото обвинителство кое набрзо ќе ја добие целокупната документација за овие постапки кои се спроведуваат по ваше барање, но жално е што немате појма што се случува на терен!

CATEGORIES
Share This