ТЕПАЧКА НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ Лица се пресметуваа пред патници, падна и столица

Снимка од физичкиот конфликт се шири на социјалните мрежи – присутни се обидуваат да ги раздвојат учесниците, а се отвора прашањето каде било обезбедувањето.

ТЕПАЧКА НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ Лица се пресметуваа пред патници, падна и столица
Фото: Принтскрин

Физичка пресметка меѓу повеќе лица се случила синоќа на Меѓународниот аеродром „Скопје“, а снимка од инцидентот се шири на социјалните мрежи.

На видеото се гледа како повеќе лица влегуваат во физички конфликт во просторот на патничкиот терминал. Во еден момент ситуацијата ескалира, при што доаѓа до туркање и тепачка, а еден од учесниците фрла и столица кон другите.

Инцидентот се одвива пред поголем број патници и присутни, од кои дел застануваат да видат што се случува.

Неколку лица се обидуваат да интервенираат и да ги раздвојат учесниците, со цел да ја прекинат пресметката.

Снимката отвора и прашање за реакцијата на аеродромското обезбедување и начинот на кој било интервенирано при инцидентот.

Има ли обезбедување на аеродромот?

CATEGORIES
Share This