ЕВРОПА ПРЕМИНУВА НА ЧИСТА ЕНЕРГИЈА Хрватска меѓу лидерите со над 90% струја од обновливи извори
Во вториот квартал од 2026 година, обновливите извори обезбедиле 54,1% од електричната енергија во ЕУ, а Хрватска достигна 92,2%.

Обновливите извори на енергија продолжуваат да го зголемуваат својот удел во европскиот енергетски систем. Според Евростат, во вториот квартал од 2026 година, дури 54,1 отсто од произведената електрична енергија во ЕУ потекнувала од обновливи извори.
Најголем удел имаат сончевата енергија со 41,6 отсто, ветерот со 27,7 и хидроенергијата со 22,6 отсто.
Меѓу земјите-членки предводи Латвија со 97,7 отсто, следуваат Данска со 94,3 и Хрватска со 92,2 отсто. Најнизок удел има Словачка со 19,8 отсто, пред Чешка со 20,9 и Малта со 24,5 отсто.
Хрватска бележи значителен раст на обновливата енергија. Според податоците на хрватското Здружение на обновливи извори, во 2025 година обновливите извори, заедно со хидроелектраните, обезбедиле 52,6 отсто од потрошената електрична енергија во земјата.
ЕУ, во меѓувреме, ја зголеми целта за обновлива енергија до 2030 година на 42,5 отсто од финалната потрошувачка, со стремеж уделот да достигне 45 отсто.

