ЧАВИ, ЗИДАН И ДЕ ЛА ФУЕНТЕ ГИ ОБЈАВИЈА ПРВИТЕ СПИСОЦИ Големи имиња отпаднаа, дебитанти добија шанса

Селекторите на Холандија, Франција и Шпанија ги објавија првите списоци за новата сезона во Лигата на нации, со неколку изненадувачки отсуства, нови имиња и повратници.

ЧАВИ, ЗИДАН И ДЕ ЛА ФУЕНТЕ ГИ ОБЈАВИЈА ПРВИТЕ СПИСОЦИ Големи имиња отпаднаа, дебитанти добија шанса
Фото: Принтскрин

Селекторите на Холандија, Франција и Шпанија ги објавија првите списоци на репрезентативци во пресрет на новите натпревари во Лигата на нации, со неколку изненадувања и промени во составите.

Чави Ернандес, кој неодамна неочекувано беше назначен за селектор на Холандија, го објави списокот од 26 фудбалери. Меѓу повиканите се најдоа и две нови имиња – Рубен Ван Бомел, син на легендарниот Марк Ван Бомел, и младиот Џиваи Зехиел.

Најголемо внимание, сепак, привлече отсуството на Мемфис Депај. Чави го тренираше Депај во Барселона, а неговата одлука да не го повика напаѓачот уште на првиот список покажува дека тој нема загарантирано место во холандската репрезентација.

Во Франција, пак, Зинедин Зидан се врати на големата сцена како нов селектор на „триколорите“, по заминувањето на Дидие Дешамп. За првите натпревари под негово водство се повикани 23 фудбалери, меѓу кои има и петмина дебитанти.

Први репрезентативни повици добија Жереми Жаке од Ливерпул, Енди Диуф од Интер, Лука да Куња од Комо, Естебан Лепол од Рен и голманот Гијом Рест од Тулуз. На списокот се наоѓаат и 15 играчи кои настапија на последното Светско првенство.

Од позвучните имиња кои не се најдоа на списокот се Н’Голо Канте, Лукас Ернандез и Дињ, додека Вилијам Салиба отсуствува поради повреда.

Промени има и во составот на светскиот шампион Шпанија. Луис де ла Фуенте го објави првиот список по освојувањето на втората светска титула за „фуријата“, а меѓу повиканите има нови имиња и повратници.

Поради повреда нема да настапи Жоан Гарсија, додека Маркос Љоренте се повлече од репрезентативниот фудбал. Гави и Борха Иглесијас, пак, не добија повик од селекторот.

На нивно место се повикани голманот Хосеп Мартинез и напаѓачот Роберто Фернандез, додека во репрезентацијата се враќаат Фермин Лопез и Дин Хаусен.

Шпанија новата сезона во Лигата на нации ќе ја отвори со гостување кај Англија, а во истиот репрезентативен период ја очекуваат и два натпревари против Хрватска и еден против Чешка.

CATEGORIES
Share This