ВО РУСИЈА ЗАПОЧНА ТРИДНЕВНО ГЛАСАЊЕ Се избираат пратеници и локални функционери

До 20 септември ќе се одржат повеќе од 2.200 изборни процеси на различни нивоа, со околу 20.700 избрани функции.

ВО РУСИЈА ЗАПОЧНА ТРИДНЕВНО ГЛАСАЊЕ Се избираат пратеници и локални функционери
Фото: Принтскрин

Во Русија денеска започна тридневното гласање за избор на пратеници во Државната дума. Гласачките места се отворени во Удмуртија, како и во Астраханската, Самарската, Саратовската и Улјановската област.

Гласањето ќе трае до 20 септември, а во земјата во овој период ќе се одржат повеќе од 2.200 изборни процеси на различни нивоа, објави РИА Новости.

На изборите граѓаните ќе избираат вкупно околу 20.700 пратеници и раководители на локалните администрации.

CATEGORIES
Share This