МИЦКОСКИ СО ПОРАКА ШТО ОДЕКНА Не се предавам, ќе продолжиме да разговараме и ќе победиме

Премиерот порача дека Владата нема да се повлече од дијалогот ниту за најтешките прашања и најави нови стратешки енергетски и инфраструктурни проекти.

МИЦКОСКИ СО ПОРАКА ШТО ОДЕКНА Не се предавам, ќе продолжиме да разговараме и ќе победиме
Фото: Принтскрин

Премиерот Христијан Мицкоски во интервју за Атлантскиот совет порача дека и најтешките прашања мора да се решаваат преку дијалог, нагласувајќи дека државата не смее да се изолира, туку треба да ги брани своите интереси низ разговори и преговори.

Во разговорот тој се осврна на односите со соседите, евроинтеграциите и стратешкото партнерство со САД, при што порача дека Владата нема да се повлекува од разговорите, без оглед на тежината на прашањата.

„Вистинските патриоти водат битки и победуваат во битки, не се предаваат и не се повлекуваат од битките. Ова е менталитетот и карактерот на оваа Влада да ги води битките и да победи во битките“, истакна Мицкоски.

Тој додаде дека лично никогаш нема да се откаже од дијалогот.

„Никогаш нема да се повлечам од каков било разговор. Сосема спротивно ќе продолжиме да разговараме и на крајот ќе победиме“, порача премиерот.

Мицкоски како клучни развојни области ги посочи инфраструктурата, енергетиката и вештачката интелигенција.

Во однос на енергетиката, најави дека интерконекторот со Грција, кој ќе овозможи поврзување со ЛНГ терминалите во Александрополис, треба да биде завршен во првата половина од следната година.

Според него, целта е до крајот на 2028 година земјата да стане значајна транзитна гасна маршрута кон Централна Европа.

Премиерот посочи и дека паралелно се работи на нов примарен дата-центар, со кој треба да се подобри сајбер-безбедноста, а проектот е поврзан со реформската агенда и европската поддршка.

CATEGORIES
TAGS
Share This