САМО СИ ИЗМИСЛУВААТ – ОМО „Илинден“ жестоко ѝ одговори на Јотова

Јотова тврди дека организацијата секогаш пропушта по некој документ, Стојков возвраќа дека судовите постојано наоѓаат нови забелешки.

САМО СИ ИЗМИСЛУВААТ – ОМО „Илинден“ жестоко ѝ одговори на Јотова
Фото: Принтскрин

Копретседателот на ОМО „Илинден“ – Пирин, Стојко Стојков, ги отфрла тврдењата на бугарската претседателка Илијана Јотова дека организацијата доставува некомплетни документи за регистрација.

Јотова неодамна во Стразбур изјави дека Бугарија го променила законодавството за да овозможи регистрација, но дека од ОМО „Илинден“ „секојпат пропуштаат по некој документ“.

Стојков вели дека тоа е „комплетна невистина“ и дека организацијата секогаш доставува целосна документација.

„Кога ќе поднесеме документи, наеднаш судот наоѓа десетици проблеми што не ги видел порано. Ако постапиме по нив, наоѓаат нови“ – вели Стојков.

Прашањето за регистрацијата на ОМО „Илинден“ со години е предмет на постапки пред Европскиот суд за човекови права. Судот во повеќе случаи утврдил повреди на правото на слобода на здружување.

Прашањето и натаму е под надзор на Советот на Европа, а според најавите од Стразбур, надзорот би можел да биде затворен во март 2027 година.

 

CATEGORIES
TAGS
Share This