АМЕРИКА ПРЕСЕЧЕ – САД ја прифаќаат пресудата за лидерите на ОВК
Вашингтон со јасна порака по пресудата: „Ја поддржуваме правдата за сите жртви и нивните семејства.

Фото: Принтскрин
САД ја почитуваат пресудата на Специјализираните совети на Косово против поранешните лидери на ОВК Хашим Тачи, Кадри Весељи, Јакуп Красниќи и Реџеп Сељими и ги повикаа сите страни да ја прифатат одлуката.
„Ја почитуваме денешната пресуда на Специјализираниот совет на Косово“, изјави портпаролот на американскиот Стејт департмент.
Од Вашингтон порачаа дека ја поддржуваат правдата за сите жртви и нивните семејства, нагласувајќи ја важноста од одговорност, правична постапка и почитување на владеењето на правото.
САД истовремено ги повикаа сите засегнати страни да ја прифатат пресудата и да ги почитуваат институциите и судските процеси.
CATEGORIES Свет

