ЗА МЛАДИЌ БАРАВТЕ КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ, А ЗА ГАШИ МОЛЧИТЕ Каде сте сега, Шарени револуционери, прашува Единствена Македонија

Партијата прашува зошто едни се осудуваат за споменување на Ратко Младиќ, а денес молчат по изјавите на Африм Гаши за Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи

ЗА МЛАДИЌ БАРАВТЕ КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ, А ЗА ГАШИ МОЛЧИТЕ Каде сте сега, Шарени револуционери, прашува Единствена Македонија
Фото: Единствена Македонија

Единствена Македонија реагира на она што го нарекува двоен стандард во односот кон пресудите на меѓународните судови и лицата осудени за воени злосторства.

Од партијата прашуваат каде се денес, воглавно т.н. шарени револуионери кои ја рушеа Македонија а кои секојдневно и оркестрирано бараа кривични пријави и санкции за секој што ќе го споменел или оправдувал Ратко Младиќ.

Во реакцијата се посочува на вчерашното величење на Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи од страна на претседателот на Собранието Африм Гаши кој осудените за воени злостроства од Специјализираните совети на Косово во Хаг, ги нарекува ослободители.

„Каде се барањата за кривична пријава? Каде се барањата за оставка? Каде се повиците за институционална одговорност?“, ги прашува Единствена Македонија т.н. шарени револуционери, повикувајќи на еднаква примена на принципите.

Од партијата велат дека судските пресуди не смеат да се применуваат селективно и дека правилата треба да важат еднакво, без оглед на етничката или политичката припадност.

„Единствени стандарди за сите. Еднаков закон за сите. Еднаков аршин за сите. Единствена Македонија нема да молчи пред овие двојни стандарди.“

CATEGORIES
TAGS
Share This