СУДОТ ПОВТОРНО ЗА ПУЛС Вештаците под лупа, одбраната бара одговори

Во фокусот повторно е урбанистичкиот статус на објектот во кој на 16 март 2025 година загинаа 63 лица.

СУДОТ ПОВТОРНО ЗА ПУЛС Вештаците под лупа, одбраната бара одговори
Фото: Принтскрин

Во судницата во Идризово, при Основниот кривичен суд Скопје, денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата. Во несреќата, која се случи на 16 март 2025 година за време на настапот на групата ДНК, загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

Случајот е во доказна постапка, а денешното рочиште треба да продолжи со вкрстено испрашување на тимот градежни вештаци ангажиран од Обвинителството.

На претходното рочиште, одбраната на обвинетите упати серија прашања до професорот Горан Марковски и професорката Душица Анѓелковиќ, кои го изработија градежното вештачење. Прашањата главно се однесуваа на урбанистичкиот статус на објектот во кој се наоѓала дискотеката.

Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, додека обвинението го застапува тим составен од 15 јавни обвинители.

Со сослушувањето на вештаците од Градежниот факултет при УКИМ се очекува да заврши доказната постапка на Обвинителството. Потоа, одбраната треба да започне со изведување на своите докази.

Пожарот во „Пулс“ избувна на 16 март 2025 година за време на концертот на ДНК, при што животот го загубија 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.

ВЕШТАЧЕЊЕТО ОТКРИВА, „ПУЛС“ БИЛ НЕЗАКОНСКИ ПРЕНАМЕНЕТ Вратите и преградите ја отежнувале евакуацијата

CATEGORIES
Share This