ТРАМП ВЕТУВА 5.000 ДОЛАРИ ЗА СЕКОЈ АМЕРИКАНЕЦ Ќе ги добиете ако Републиканците победат

Американскиот претседател повторно го актуелизираше ветувањето за директна исплата, овојпат поврзано со победата на републиканците на изборите.

ТРАМП ВЕТУВА 5.000 ДОЛАРИ ЗА СЕКОЈ АМЕРИКАНЕЦ Ќе ги добиете ако Републиканците победат
Фото: Принтскрин

Американскиот претседател Доналд Трамп им се обрати на граѓаните на конвенцијата на Републиканската партија, повикувајќи ги да гласаат по секоја цена на претстојните избори што ќе се одржат во ноември, и го повтори своето ветување дека ќе им исплати на сите возрасни жители на Соединетите Американски Држави 5.000 долари ако републиканците победат на изборите.

„Можеме да го направиме ова затоа што нашата земја никогаш не поминала подобро. Добиваме милијарди, милијарди долари“, рече Трамп на републиканската конвенција одржана во Далас.

Тој зборуваше и за приходите од царинските давачки, објавува „Гардијан“.

Трамп ги повика Американците да излезат и да гласаат, додавајќи дека е подготвен да измами за да им овозможи на републиканците да ја задржат контролата врз Конгресот, објавува Си-Ен-Ен.

CATEGORIES
TAGS
Share This