РУСКАТА ДЕЛЕГАЦИЈА ПРИСТИГНА ВО ИСТАНБУЛ БЕЗ ПУТИН Медински ќе ги предводи преговорите

Авионот со руската делегација утринава слета на аеродромот Ататурк во Истанбул, каде се очекува почеток на разговорите со украинската страна, потврдија извори од руската авијација за Интерфакс.

РУСКАТА ДЕЛЕГАЦИЈА ПРИСТИГНА ВО ИСТАНБУЛ БЕЗ ПУТИН Медински ќе ги предводи преговорите

Рускиот претседател Владимир Путин синоќа одржа состанок со членовите на руската делегација, во пресрет на претстојните преговори со Украина кои ќе се одржат во Истанбул, информира портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

На состанокот, покрај преговарачката група, присуствувале и клучни безбедносни и политички фигури, меѓу кои министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, министерот за одбрана Андреј Белоусов, началникот на руската национална гарда Виктор Золотов, секретарот на Советот за безбедност Сергеј Шојгу, началникот на Генералштабот Валериј Герасимов и директорот на ФСБ, Александар Бортников.

Авионот со руската делегација утринава слета на аеродромот Ататурк во Истанбул, каде се очекува почеток на разговорите со украинската страна, потврдија извори од руската авијација за Интерфакс.

Преговорите ќе ги предводи помошникот на претседателот Путин, Владимир Медински, кој веќе беше на чело на руската делегација за време на разговорите со Киев во 2022 година, исто така во Истанбул.

Според достапните информации, во составот на руската делегација се и заменик министерот за надворешни работи Михаил Галузин, началникот на Главниот директорат на Генералштабот на руската армија Игор Костјуков, како и заменик министерот за одбрана Александар Фомин.

Иако е малку веројатно, руските медиуми пренесуваат дека во украинската делегацијата ќе учествуваат претседателот Владимир Зеленски, шефот на кабинетот Андриј Јермак, неговиот заменик Игор Жовква, министерот за одбрана Рустем Умеров и министерот за надворешни работи Андриј Сибиха.

Украинската новинска агенција Укринформ најави дека Зеленски денеска ќе ја посети Турција, каде ќе одржи билатерални разговори со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. По средбата се очекува заедничка медиумска конференција, на која ќе се презентираат резултатите од посетата и ќе се разгледаат можностите за мировни иницијативи и прекин на конфликтот.

CATEGORIES
TAGS
Share This