ДУИ БАРА ГУВЕРНЕР АЛБАНЕЦ Македонија е полна со албански професионалци за нов гувернер

ДУИ особено го критикува фактот што дури ни албанските политички претставници во парламентарното мнозинство не побарале вклучување на барем еден албански економски експерт на кандидатската листа.

ДУИ БАРА ГУВЕРНЕР АЛБАНЕЦ Македонија  е полна со албански професионалци за нов гувернер

Демократската унија за интеграција (ДУИ) изрази сериозна загриженост поради, како што велат, недоволната застапеност на Албанците во процесот на избор на нов гувернер на Народната банка на Република Северна Македонија, најавен за 20 мај.

Според партијата, ниту еден Албанец не се наоѓа на потесниот список од четири кандидати за оваа висока функција, што, како што посочуваат, не го одразува мултиетничкиот карактер на државата.

Од таму потенцираат дека позицијата гувернер систематски се третира како ексклузивна привилегија на етничките Македонци, додека ниту една институционална или политичка структура, вклучително и Владата и Претседателот, не се огласила по ова прашање.

ДУИ особено го критикува фактот што дури ни албанските политички претставници во парламентарното мнозинство не побарале вклучување на барем еден албански економски експерт на кандидатската листа.

„Оваа земја има изобилство од квалификувани албански професионалци што можат достојно да ја извршуваат оваа функција“, се наведува во соопштението на партијата.

Според ДУИ, оваа состојба е резултат на, како што обвинуваат, намерна стратегија на исклучување од страна на премиерот Христијан Мицкоски, кој, според нив, создал затворен етнички круг во својот кабинет и во процесот на донесување институционални одлуки.

„Република Северна Македонија е држава на сите нејзини граѓани – без разлика на етничка или било каква друга припадност. Уставот обврзува на правична застапеност на сите заедници“, се истакнува од партијата на Али Ахмети.

CATEGORIES
Share This