ВУЧИЌ ПРЕСЕЧЕ: СРБИЈА ОДИ НА ВОНРЕДНИ ИЗБОРИ Еве кога граѓаните ќе гласаат
Денеска во 12 часот ќе падне одлуката што ја менува политичката сцена во Србија.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави распуштање на Народното собрание и распишување вонредни парламентарни избори.
Вучиќ соопшти дека денеска точно на пладне ќе ги потпише и објави двете одлуки – указот за распуштање на Собранието и одлуката за распишување на изборите.
Според неговата најава, вонредните парламентарни избори во Србија ќе се одржат на 25 октомври.
Вучиќ за РТС изјави дека до него веќе пристигнал образложен предлог од Владата за распуштање на парламентот.
„Пристигна предлог. Сега треба да донесам две одлуки во согласност со Уставот и Законот за претседателот“, изјави Вучиќ.
Тој појасни дека едната одлука се однесува на распуштањето на Народното собрание, а втората на распишувањето на изборите.
„Ќе ги објавам двете одлуки и указот точно во 12 часот. Изборите ќе се одржат во Србија на 25 октомври“, порача српскиот претседател.

