СООБРАЌАЈОТ СЕ ОДВИВА НЕПРЕЧЕНО Коловозите суви

Нема подолги задржувања на граничните премини, но АМСМ апелира на зголемено внимание поради можни одрони на неколку делници.

СООБРАЌАЈОТ СЕ ОДВИВА НЕПРЕЧЕНО Коловозите суви
Фото: Национал

Сообраќајот на државните патишта во текот на денот се одвива непречено, а коловозите се суви.

Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен. Од АМСМ информираат дека на граничните премини од македонска страна во моментов нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од возачите се бара да ја прилагодат брзината според условите на патот, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да управуваат внимателно.

Посебна претпазливост се препорачува на патиштата низ котлини, речни долини и клисури, каде постои можност од појава на одрони. Ризични се особено делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Во сила е и сезонскиот режим на сообраќај. Патниот правец Охрид – Ресен, преку Националниот парк „Галичица“, е отворен за сообраќај за сите видови возила со најголема дозволена маса до 3,5 тони.

CATEGORIES
Share This