НЕ СЕ ЗАЛАЖУВАЈТЕ ОД СОНЦЕТО Попладне нè очекуваат дожд, грмежи и можен град

Стабилното и сончево утро попладне ќе биде заменето со локална нестабилност, а на места е можен и град.

НЕ СЕ ЗАЛАЖУВАЈТЕ ОД СОНЦЕТО Попладне нè очекуваат дожд, грмежи и можен град
Фото: Национал

Денеска времето ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност и температури од 11 до 34 степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Во попладневните часови, сепак, се очекува локален развој на нестабилна облачност, која на места ќе донесе пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите може да бидат поинтензивни, со силен ветер и појава на град.

Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Попладне, особено во делови од Скопската Котлина, постои услов за развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

CATEGORIES
Share This