СИЈАРА БРЕМЕНА СО ПЕТТО ДЕТЕ Фотографиите го открија големото изненадување

Пејачката и Расел Вилсон ја споделија среќната вест со фановите.

СИЈАРА БРЕМЕНА СО ПЕТТО ДЕТЕ Фотографиите го открија големото изненадување
Фото: Принтскрин

Семејството на поп-пејачката Сијара и НФЛ-ѕвездата Расел Вилсон наскоро ќе стане побогато за уште еден член. 40-годишната пејачка е бремена и го очекува своето петто дете, а радосната вест таа и нејзиниот 37-годишен сопруг ја споделија со фановите преку Инстаграм.

Покрај фотографиите и видеото на кои јасно се гледа трудничкото стомаче на Сијара, парот објави и симболична порака:

„Уште една личност за љубов.“

На фотографиите Сијара позира покрај четири маички со имињата на нивните деца, а покрај нив е поставено и празно бебешко боди – симболичен знак дека семејството наскоро ќе добие нов член. Сијара и Расел Вилсон веќе имаат четири деца – двегодишната Амора Принцес, деветгодишната Сиена Принцес, шестгодишниот Вин Харисон и 12-годишниот Фјучр Захир.

Најмладата ќерка Амора ја добија во декември 2023 година, по што Сијара повторно се врати на музичките настапи и турнеи. Во август 2024 година, пејачката сподели семејни фотографии од периодот поминат на турнеја и откри дека времето со децата ѝ било најголема поддршка.

„Моментите меѓу настапите беа тие што ми ја полнеа душата“, напиша тогаш Сијара.

Еден месец подоцна, таа раскажа и како изгледало патувањето со целото семејство додека била на турнеја.

„Моите деца патуваа со мене и не би можела да го замислам тоа на друг начин“, изјави пејачката.

Таа откри дека децата уживале во патувањата и настапите, а особено во дружењето со познатите музичари Миси Елиот и Баста Рајмс. По завршувањето на турнејата, сепак, Сијара повторно се соочила со секојдневните обврски на мајка – од подготовките за новата учебна година до купувањето училишен прибор.

„Тоа беше неверојатно време со моите деца. Си реков: ‘Ова е животот’. Токму тие мали радости се најважни. Многу сум благодарна“, раскажа таа.

CATEGORIES
Share This