НОВА ЗАКАНА ОД РУСИЈА Руте откри што ќе направи НАТО
Генералниот секретар на Алијансата порача дека руските хибридни напади нема да го нарушат единството на НАТО ниту ќе ја прекинат поддршката за Украина.

Фото: Принтскрин
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска изјави дека руските хибридни напади нема да го нарушат единството меѓу земјите членки на Алијансата, ниту ќе ги натераат да се откажат од поддршката за Украина.
Руте ова го кажа во Брисел на заедничкото обраќање со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, говорејќи за инцидентот со беспилотно летало на аеродромот Лајпциг/Хале во Германија.
Според Руте, Русија сè почесто презема, како што ги опиша, неодговорни потези, што дополнително ја потврдува сериозноста на заканата што ја претставува Москва.
Тој порача дека ваквите активности нема да влијаат врз решеноста на сојузниците да останат обединети и да продолжат со поддршката за Украина.
CATEGORIES Свет

