ТРАМП БЕЗ РАКАВИЦИ Воопшто не ми е гајле за договор со Иран

Американскиот претседател ја отфрли можноста за притисок врз Техеран и порача дека многу повеќе му одговара сегашната позиција на САД, додека Иран се соочува со, како што вели, „неизбежното“.

ТРАМП БЕЗ РАКАВИЦИ Воопшто не ми е гајле за договор со Иран
Фото: Принтскрин

Американскиот претседател Доналд Трамп ги отфрли информациите дека Вашингтон се обидува да го принуди Иран повторно да седне на преговарачка маса, обвинувајќи ја ABC News за ширење „лажни вести“.

Во објава на социјалната мрежа Truth Social, Трамп порача дека воопшто не му е важно дали Иран ќе потпише договор, оценувајќи дека сегашната позиција на САД му одговара многу повеќе.

„Воопшто не ми е гајле дали ќе потпишат безвреден договор за нив. Многу повеќе ми се допаѓа нашата сегашна позиција, со речиси целосна контрола врз Ормутскиот теснец и нивната економија целосно да се урива“, напиша Трамп.

Тој додаде дека Иран се соочува со „неизбежното“, во услови на натамошно зголемување на тензиите меѓу Вашингтон и Техеран.

Изјавите на Трамп доаѓаат во период на нова ескалација на конфликтот, откако американските сили извршија нови напади врз ирански цели, по што Иран возврати со напади врз американски позиции во регионот.

CATEGORIES
Share This