15 ГОДИНИ МУЗЕЈ НА МАКЕДОНСКАТА БОРБА Јубилејна изложба и ретроспектива на богатата дејност

На свеченоста во четврток ќе бидат презентирани избрани изданија и каталози, а преку архивски снимки ќе биде претставена работата на музејот низ годините.

15 ГОДИНИ МУЗЕЈ НА МАКЕДОНСКАТА БОРБА Јубилејна изложба и ретроспектива на богатата дејност
Фото: Принтскрин

НУ Музеј на македонската борба за самостојност во четврток, 3 септември, ќе одбележи 15 години од своето основање. Свеченоста ќе започне во 19 часот.

По повод јубилејот ќе биде отворена ретроспективна изложба на плакати од изложбите реализирани во изминатите 15 години, а ќе бидат презентирани и избрани печатени изданија и каталози од досегашната работа на музејот.

Во рамки на програмата ќе биде прикажана и видеопрезентација со архивски материјали од активностите на институцијата, преку која ќе биде направен осврт на нејзината изложбена, издавачка и програмска дејност.

„Јубилејот е потсетник на изминатите 15 години, вклучувајќи ги изложбите, проектите и соработките што ја одбележаа работата на музејот“, се наведува во соопштението.

На свеченоста ќе бидат доделени и благодарници на лица и институции кои во изминатиот период придонеле за развојот и работата на музејот, како и за реализацијата на неговите активности.

CATEGORIES
Share This