ТРАНСФЕР-БОМБИ ДО ПОСЛЕДНА СЕКУНДА Европа во трка со времето

Денеска истекува рокот во најсилните европски лиги, а клубовите имаат само уште неколку часа за да ги комплетираат последните големи зделки.

ТРАНСФЕР-БОМБИ ДО ПОСЛЕДНА СЕКУНДА Европа во трка со времето
Фото: Принтскрин

Денеска е Deadline Day,  последниот ден од летниот преоден рок, а најголемите европски клубови влегуваат во трка со времето за да ги реализираат последните трансфери пред затворањето на пазарот.

Во Италија, Германија и Франција, преодниот рок се затвора во 20 часот, додека клубовите во Англија ќе имаат време до полноќ. Во Шпанија, пак, рокот истекува во 23:59 часот.

Токму последниот ден традиционално носи најмногу возбуда, неизвесност и драматични пресврти. Преговорите кои траат со денови често се забрзуваат во последните часови, а клубовите се обидуваат во последен момент да ги комплетираат засилувањата, заминувањата и позајмиците.

За оние кои нема да успеат да ги завршат своите зделки во најсилните европски лиги, сепак постојат и дополнителни опции. Турција го затвора пазарот на 4 септември, додека Саудиска Арабија ќе има отворен преоден рок дури до 12 октомври.

Сепак, за европските гиганти времето истекува. До затворањето на пазарот остануваат уште само неколку часа, а токму во овој период најчесто се случуваат најголемите изненадувања.

Последниот свиреж на трансфер-пазарот е сè поблиску а најголемата драма допрва може да следува.

CATEGORIES
Share This