ТРАМП ИЗНЕНАДУВАЧИ СО ИЗЈАВА ЗА ФОКЛАНДИТЕ Дали САД го менуваат ставот

Американскиот претседател рече дека Вашингтон „секогаш ја разгледува секоја позиција“, во момент кога Аргентина повторно го бара суверенитетот над островите.

ТРАМП ИЗНЕНАДУВАЧИ СО ИЗЈАВА ЗА ФОКЛАНДИТЕ Дали САД го менуваат ставот
Фото: Принтскрин

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Вашингтон ја преиспитува својата позиција во однос на суверенитетот над Фолкландските Острови, британска прекуокеанска територија во Јужниот Атлантик.

Одговарајќи на новинарско прашање во Овалната соба дали САД го поддржуваат британскиот суверенитет над островите, Трамп рече дека „секогаш ја разгледува секоја позиција“, додавајќи дека прашањето за Фолкландите е „само една од многуте“ позиции што ги преиспитува.

Фолкландските Острови се под британска администрација, но нивниот суверенитет го оспорува Аргентина, која и натаму ги смета островите за своја територија.

Прашањето добива дополнителна политичка тежина поради блиските односи меѓу Трамп и аргентинскиот претседател Хавиер Милеј, кој е негов политички сојузник.

ЛОНДОН ИСПРАТИ ОСТРА ПОРАКА ДО ВАШИНГТОН Фолкландите се и ќе останат наши

CATEGORIES
TAGS
Share This