КАНАДА МУ ПОКАЖА ЗАБИ НА ТРАМП Името нема да го смениме

Вашингтон го нарекува „Езеро Америка“, Отава возвраќа со огромен знак и порака „сега и засекогаш“.

КАНАДА МУ ПОКАЖА ЗАБИ НА ТРАМП Името нема да го смениме
Фото: Принтскрин

Дипломатската и трговската пресметка меѓу САД и Канада доби и бизарна битка околу името на едно од најголемите езера во Северна Америка. Канадските власти поставија огромен знак со пораката „Езеро Онтарио. Сега и засекогаш“, како директен одговор на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп езерото да го преименува во „Езеро Америка“.

Трамп, пак, дополнително ја засили провокацијата објавувајќи видео генерирано со вештачка интелигенција. На снимката тој го кине канадскиот знак, поставува нов на кој пишува „Езеро Америка“, а потоа танцува на познатата песна „YMCA“ од „Village People“.

Спорот околу името се случува во услови на сериозно влошување на односите меѓу Вашингтон и Отава поради трговскиот конфликт. САД воведоа царини од 50 отсто за канадскиот челик, додека Канада возврати со сопствени царини. Трамп со извршна наредба побара езерото во американските федерални документи да се води како „Езеро Америка“. Одлуката предизвика остри реакции во Канада, каде што властите и јавноста инсистираат на историското име „Езеро Онтарио“.

Промената, сепак, веќе има последици во дигиталниот свет. Google Maps за корисниците во САД го прикажува езерото како „Lake America“, во согласност со американската извршна наредба. Спорот за името на езерото така прерасна во уште еден симбол на сè подлабокиот конфликт меѓу двата северноамерикански соседа.

CATEGORIES
Share This