ПРЕВОЗНИЦИТЕ НА ПРОТЕСТ ПРЕД ДЕЛЕГАЦИЈАТА НА ЕУ Бараат решение за македонските возачи во Шенген

Протестот ќе се одржи од 12 до 14 часот, во пресрет на утрешниот состанок на Работната група во Брисел.

ПРЕВОЗНИЦИТЕ НА ПРОТЕСТ ПРЕД ДЕЛЕГАЦИЈАТА НА ЕУ Бараат решение за македонските возачи во Шенген
Фото: Принтскрин

Превозници организирани од домашната транспортна асоцијација „Макам-транс“ денеска од 12 до 14 часот ќе одржат предупредувачки протест пред седиштето на Делегацијата на Европската Унија во Скопје.

Тие бараат итно решавање на проблемот со ограничениот престој на професионалните возачи во Шенген-зоната, кој настана поради примената на правилото 90/180. Согласно ова правило, државјаните на трети земји можат да престојуваат најмногу 90 дена во рамки на кој било период од 180 дена.

Протестот се одржува во пресрет на утрешниот состанок на Работната група во Брисел, од кој македонските превозници очекуваат конкретно решение за нивниот статус и условите под кои професионалните возачи ќе можат непречено да ја извршуваат својата работа во земјите од Шенген-зоната.

Пред Делегацијата на ЕУ во Скопје ќе бидат паркирани околу 20 товарни возила од Скопје. На протестот ќе присуствуваат сопственици на транспортни компании, професионални возачи и други вработени во транспортниот сектор од повеќе делови на земјава.

Слични протести денеска се најавени и во Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, со што превозниците од регионот заеднички го изразуваат незадоволството од последиците на правилото 90/180 врз професионалниот транспорт.

ПРАВИЛОТО 90/180 ГИ ДИГА НА НОЗЕ ПРЕВОЗНИЦИТЕ Во понеделник сите пред ЕУ во Скопје

CATEGORIES
Share This