ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ФРЕКФЕНЦИЈАТА НА ПАТИШТАТА Се чека и по еден час на Табановце
На ГП Табановце за излез од Македонија се чека околу еден час, а задржувања има и на Блаце. АМСМ со апел до возачите за внимателно возење поради опасност од одрони.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, но интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е зголемен.
Поради зголемената фреквенција на возила, подолго се чека на неколку гранични премини. На ГП Табановце, времето на чекање за влез во државата е околу 30 минути, додека за излез се чека околу еден час. На ГП Блаце, за излез од државата се бележи задржување од околу 30 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна засега нема подолги задржувања при влез и излез од државата.
Од АМСМ апелираат до возачите да ја прилагодат брзината според условите на патот, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да управуваат со зголемено внимание.
Посебна внимателност се препорачува на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои можност од појава на одрони. Ова особено се однесува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Во сила е и сезонскиот режим на сообраќај. Патниот правец Охрид – Ресен, преку Националниот парк Галичица, од 15 април е отворен за сообраќај за сите видови возила со максимална дозволена маса до 3,5 тони.

