ЖЕШКО ДО 36 СТЕПЕНИ, НО НЕ НАСЕКАДЕ Попладне можни пороен дожд, грмежи и силен ветер
Сончевото и топло време ќе преовладува, но локално се очекува нестабилност со краткотрајни поројни врнежи и грмежи.

Фото: Национал
Денеска времето ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност. Температурите ќе се движат од 16 до 36 степени Целзиусови.
Во текот на денот, на места ќе има услови за развој на локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Во Скопје се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а максималната температура ќе достигне 36 степени.
Според измерените метеоролошки параметри, воздушниот притисок изнесува 980 hPa, влажноста на воздухот е 30 отсто, ветерот дува со брзина од 3 m/s, додека UV-индексот е 6.
CATEGORIES Македонија

