ГУСТ ЦРН ЧАД НА ВОДНО Во пламен двокатен автобус на ЈСП, пожарникарите веднаш интервенираа

Пожарот избувнал на видиковецот, а според првичните информации засега нема опасност од негово ширење кон околната вегетација.

ГУСТ ЦРН ЧАД НА ВОДНО  Во пламен двокатен автобус на ЈСП, пожарникарите веднаш интервенираа
Фото: Принтскрин

Густ црн чад се издига над Водно откако денеска на видиковецот избувна пожар во двокатен автобус на ЈСП „Скопје“, кој сообраќал на линијата 25 кон Средно Водно.

На терен веднаш пристигнале екипи на скопската противпожарна бригада, кои интервенираат на гаснење на огнот и негово локализирање.

Според првичните податоци, засега нема опасност пожарот да се прошири кон околната вегетација.

Причините за избувнувањето на пожарот засега не се познати. Нема ниту официјални информации за евентуално повредени лица или за висината на причинетата материјална штета.

Повеќе детали се очекуваат по завршувањето на интервенцијата на пожарникарите.

CATEGORIES
Share This