ПОЗНАТИ ЗАГИНАТИТЕ ВО СТРАШНАТА НЕСРЕЌА ВО СЛОВЕНИЈА Две деца и нивната баба од Центар Жупа ги загубија животите

Загинатите се македонски државјани од село Житинени, Општина Центар Жупа, а во несреќата се повредени и нивните родители.

ПОЗНАТИ ЗАГИНАТИТЕ ВО СТРАШНАТА НЕСРЕЌА ВО СЛОВЕНИЈА Две деца и нивната баба од Центар Жупа ги загубија животите
Фото: Принтскрин

Три лица, меѓу кои две деца на возраст од четири и 11 години и 74-годишна жена, загинаа во тешката сообраќајна несреќа што вчера се случи на автопатот А1 во близина на Унец, Словенија. Станува збор за тројца македонски државјани, сите членови на едно семејство по потекло од селото Житинени во Општина Центар Жупа. Семејството живеело во Равена, Италија.

Во автомобилот во моментот на несреќата се наоѓале пет лица – две деца, нивните родители и нивната баба. За жал, двете деца и 74-годишната баба ги загубиле животите. Според словенечката полиција, несреќата се случила попладнето, кога камион поради дефект застанал во просторот за запирање. Од засега непозната причина, автомобилот удрил во задниот лев дел од приколката.

Возачот на камионот во моментот на несреќата не бил во кабината и поминал без повреди. Двајцата родители на децата биле повредени. 33-годишната жена, која се здобила со тешки повреди, со хеликоптер била пренесена во болница, додека 39-годишниот маж бил транспортиран со возило на Брзата помош.

Смртта на трите лица била констатирана на местото на несреќата од страна на лекарска екипа. Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија претходно денеска потврдија дека во несреќата загинале тројца македонски државјани – едно полнолетно и две малолетни лица. Трагичната вест го потресе и родниот крај на семејството.

„Немам зборови со кои би ја искажал тагата од оваа страшна трагедија која ги потресе жителите на нашата општина. Семејството е по потекло од село Житинени, а живеат во Равена, Италија. Се молиме за закрепнување на другите две повредени лица“, изјави градоначалникот на Општина Центар Жупа, Аријан Ибраим.

Словенечките надлежни служби продолжуваат со утврдување на сите околности и причините за несреќата.

ТРАГЕДИЈА ВО СЛОВЕНИЈА Тројца Македонци загинаа во тешка сообраќајка, меѓу нив две деца

CATEGORIES
Share This