ЕУ И СТАВИ РАМПА НА КИНА Еве што се случи со Temu, Shein и AliExpress
Таксата за малите пратки предизвика пад на увозот до 40 проценти.

Воведувањето на такса на Европската унија за мали пратки, особено оние што пристигнуваат од Кина, веќе дава забележливи резултати. Според податоците на француската царина, по воведувањето на мерката на 1 јули, увозот на мали пратки во ЕУ е намален за 30 до 40 проценти.
Францускиот министер за економија Ролан Лескир ги поздрави резултатите од мерката, оценувајќи дека таа покажува оти „ништо не е невозможно кога се соочуваме со Кина“.
Таксата особено ги погодува големите азиски онлајн платформи, меѓу кои Temu, AliExpress и Shein, кои имаат значаен удел во продажбата на евтини производи на европскиот пазар.
Од француското Министерство за економија посочуваат дека претходната дополнителна такса воведена од Франција немала значаен ефект. За разлика од неа, мерката на ниво на целата ЕУ, која стапи во сила на 1 јули, според првичните податоци, довела до значително намалување на увозот.

