ОХРИД ЧЕТИРИ ДЕНА ЌЕ ЖИВЕЕ ВО РИТАМОТ НА ЏЕЗОТ Еве ја програмата на Охрид Џез Фестивал 2026

Од 27 до 30 август публиката ќе ужива во настапи на млади музичари, етно и класичен џез, а фестивалот ќе заврши со меѓународна вечер и специјален гостин од Финска.

ОХРИД ЧЕТИРИ ДЕНА ЌЕ ЖИВЕЕ ВО РИТАМОТ НА ЏЕЗОТ Еве ја програмата на Охрид Џез Фестивал 2026
Фото: Општина Охрид

Од 27 до 30 август, Охрид ќе живее во ритамот на џезот, со четири фестивалски вечери на кои ќе се претстават млади музичари, македонски уметници и гости од странство.

Фестивалот ќе започне на 27 август со Вечер на млади музичари, под наслов „Ехо од Македонија“, на која ќе настапат ученици и професори од ОМУ „Методи Патче“ од Охрид.

На 28 август следува Етно џез вечер, со настап на Сашко Костов и Орхидеја Дукова – дуо, кои ќе понудат спој на етно-музички мотиви и современ џез.

29 август е резервиран за Класичен џез, со настап на составот во кој ќе настапат Дамјан Пејчиноски на гитара, Зоран Јагоридовски на перкусии, Дејан Милосавлевиќ на тапани, Гордан Спасовски на пијано и Горан Гешовски на бас гитара.

Фестивалот ќе заврши на 30 август со Меѓународна џез вечер, на која ќе настапи Branko Sterpin Quartet, со специјалниот гостин Tim Lassy од Финска.

Четири фестивалски вечери, четири различни музички приказни и една заедничка љубов – џезот.

CATEGORIES
Share This