ВЛДИМИР ЧЕТКАР НА АМЕРИКАНСКА ТУРНЕЈА Промоција на новиот албум „Let Us Be“
Турнејата започнува во мај и ќе трае до почетокот на јуни, а на сите настапи Четкар ќе биде придружуван од интернационален состав на врвни музичари.

Познатиот македонски гитарист и композитор Владимир Четкар ќе одржи пет концерти во САД како дел од промотивната турнеја за неговиот нов албум „Let Us Be“. Турнејата започнува во мај и ќе трае до почетокот на јуни, а на сите настапи Четкар ќе биде придружуван од интернационален состав на врвни музичари.
Распоред на турнејата:
- 16 мај – Чикаго
- 23 мај – Њујорк
- 30 мај – Детроид
- 31 мај – Колумбус
- 7 јуни – Кливленд
„Let Us Be“ е четвртиот студиски албум на охридскиот музичар, кој повторно го потврдува својот препознатлив стил и авторска зрелост. Владимир Четкар е комплетен автор на сите песни – композитор, аранжер, продуцент, текстописец, диригент и изведувач.
Албумот е снимен во два професионални студија во САД, во Чикаго и Милвоки, и вклучува гудачки, дувачки и ритам секции, што дава богат и динамичен звук, карактеристичен за Четкаровата музика која спојува џез, фанк, соул и диско елементи.
Со години, Владимир Четкар се позиционира како една од најрепрезентативните фигури на современата македонска музичка сцена на интернационално ниво. Неговата музика се слуша низ целиот свет, а неговите концерти редовно привлекуваат љубители на софистицираниот звук и жива изведба.


