ПОЖАРИ ВО МАКЕДОНИЈА Ноќеска падна Чичино, спасено Палиград

Огнената стихија се прошири меѓу селата, а пожарникарите и екипите на терен цела ноќ се бореа да го заштитат Палиград.

ПОЖАРИ ВО МАКЕДОНИЈА Ноќеска падна Чичино, спасено Палиград
Фото: Принтскрин

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека до 13 часот на територијата на државата се регистрирани 11 пожари на отворен простор. Шест од нив се активни, еден е ставен под контрола, а четири се целосно изгаснати.

Активни се пожарите во Студеничани, Зелениково, Гостивар, Чашка, Пробиштип, Градско и Кичево. Пожарот кај Тајмиште во Кичево е ставен под контрола.

Во меѓувреме, изгаснати се пожарите во Сарај, Гостивар, Куманово и Берово. ЦУК продолжува да ја следи состојбата и да ги координира активностите на терен.

Дополнително, според информациите пожарот меѓу селата Горно и Долно Чичино повторно е надвор од контрола, а ноќеска е спасено селото Палиград.

Огнот зафатил голема површина со сува трева и се движи кон сртот, додека пожарникарите се обидуваат да го задржат неговото ширење и да ги заштитат овоштарниците и околните објекти.

Гаснењето може да биде долготрајно и тешко, а борбата со огнената стихија би можела да трае и неколку дена.

За справување со пожарот веднаш била побарана дополнителна помош. На терен се ангажирани државни трактори и хеликоптер. Дополнително се испратени и четири специјализирани противпожарни возила „Пинцгауер“.

Надлежните институции продолжуваат со активностите за локализирање на пожарите и заштита на населените места, земјоделските површини и објектите во загрозените подрачја.

СКОПЈЕ ЧУСТВУВА ЧАД Пожарот од Жеден се префрла кон скопска страна

CATEGORIES
Share This