СКОПЈЕ ЧУСТВУВА ЧАД Пожарот од Жеден се префрла кон скопска страна
Пожарот кај Бојане е на тешко пристапен терен, а во гаснењето се вклучени и пожарникари од Тетово.

Фото: Принтскрин
Мирисот на чад што попладнево се чувствува во делови од Скопје доаѓа од пожарите што се активни на планините Жеден и Китка. Пожарот на Жеден, во атарот на селото Бојане, од тетовската страна постепено се префрла кон скопскиот дел. Пожарот е на исклучително тешко пристапен терен, што дополнително го отежнува неговото гаснење.
Во акцијата, како поддршка на скопските пожарникари, се вклучени и нивни колеги од Тетово.
Од Центарот за управување со кризи претходно соопштија дека зачаденоста забележлива во Скопје е последица и на ветерот кој го носи чадот од пожарот на Китка, на територијата на општините Студеничани и Зелениково.
На овој пожар денеска дејствувал и хеликоптер на Министерството за внатрешни работи.
CATEGORIES Македонија

